Џокер беше потпросечен комичар со бремена жена. Генерално добар дечко. Дента кога неговата сопруга почина во случаен инцидент, тој беше присилен од група гангстери да направи криминал, падна во буре со хемикалии и заврши сам... во болка... и исплашен за својот живот. Целата болка беше толку голема што тој се скрши... сфати дека светот е суров, неправеден и случаен и реши дека ќе ја уништи самата срж на овој лажен, неуспешен поредок и сите ќе ги доведе на неговото ниво. Тој верува дека моралот и етиката се лицемерни глупости. За ова има и референца во "Мрачниот Витез," кога тој вели "јас сум само пред кривината." Тој целиот филм го минува ставајќи ги другите пред себе, во ситуации во кои за да преживеат мораат да ги прекршат сопствените морални правила. Дури и на платените убијци (а ги има двајца), им вели дека ќе го ангажира оној што ќе го убие другиот. И ова го прави од ниту една друга причина - освен за да го скрши нивниот морал и правилата по кои живеат.
Ова е Џокер, тој живее за да им докаже на луѓето дека тој е симбол на она што тие навистина се, тој одбива само да се лаже себе си.
Бетмен гледаше како ги убиваат неговите родители, тој исто полуде и разви неколку опсесии. Тој се бори за да донесе правда во свет за кој верува дека во основа е добар но е заразен од неприродната болест на криминал и зло. Тој над се верува во правда. Тој не убива.
Што се случува кога овие двајца ќе се судрат еден со друг? Крајната победа за Џокер е Бетмен, најголемиот непријател во неговите очи, човек кој без разлика на се одбива да падне на негово ниво, да го убие. Тој сака да биде убиен од Бетмен. Тој не може да дочека Бетмен да го стори тоа. Ова би ја докажало неговата поента: дека секој може да биде скршен и да го прифати злото, исто како што го сторил тој, доколку нивната болка или нивната причина е доволно силна.
Во меѓувреме Бетмен се соочува со некој што е пример на суровост и бесчувствителен криминал. Тој МОРА да го победи Џокер по свои правила, за да си докаже себе си дека неговите правила значат нешто. И ова е главната одлука со која тој мора да се соочува секој пат кога ќе го фати Џокер: дали да го убијам? Колку животи ќе спасам ако едноставно го убијам? Тој секогаш бега од Аркам ... ќе направам добро ако го ослободам светово од овој крајно пореметен психопат. Кога би можел да ги прекрши своите морални правила барем во овој случај... барем за овој пат... за повисоко добро...
Џокер го знае ова. И се смее. И се надева.
Но тој исто така мора да се соочи со искушение... без Бетмен тој ќе биде незапирлив. Дури и во светот на DC Comics, во кој постојат ликови како Супермен или други супер-негативци, сите се плашат од него. Сите му се тргаат од патот. Тој е премногу непредвидлив, хаотичен и суров. Ако тој го убие Бетмен, тогаш нема да постои никој не планетава што доволно го разбира, за да се обиде да го спречи. Кога само би можел да го убие Бетмен... се би било поедноставно.
Тие водат длабоко лична и длабоко идеолошка војна. Секој од нив го преставува она што другиот најмногу го презира и секој од нив зависи од тоа другиот да остане жив, се додека другиот не се свитка под притисокот на туѓата волја.
Последно нешто што секој од нив сака е да го убие другиот.