Успехот, децении подоцна

Ок, сите ќе умреме, ама битно е кога си во полна сила, да ги искористиш сите можни и неможни шанси за да постигнеш нешто што ќе те држи до крајот на животот. Така ли е? Не е така.

Во 1923-та, кој беше:

1. Претседател на најголемата железара во САД?
2. Претседател на најголемиот гасовод во САД?
3. Претседател на Њујоршката берза?
4. Најголемиот трговец со пченица?
5. Претседател на Банката за меѓународно израмнување на долговите?
6. Најголемата фаца на Вол стрит?

Овие луѓе ги сметале за најуспешни ликови во нивното време. Речиси сто години подоцна, ако сте љубопитни да разберете што се случило со нив, ќе го дознаете следново:

1. Претседател на најголемата железара бил Чарлс Шваб, кој починал како бездомник.

2. Претседател на најголемиот гасовод бил Едвард Хопсон, кој полудел.

3. Претседател на Њујоршката берза бил Ричард Витни, кој бил ослободен од затвор за да умре дома.

4. Најголемиот шпекулант со жито бил Артур Кугер, кој умрел во странство, без скршена пара.

5. Претседателот на Банката за меѓународно израмнување на долговите се самоубил.

6. Најголемиот лик на Вол стрит во 1923-та бил Косаби Ливмор, кој исто така се самоубил.

 
Како и да е, во истата таа година, 1923-та, шампион во голф и освојувач на најважниот турнир, Отвореното првенство на САД, бил Џин Саразен. Што се случило па со него? Ништо посебно, играл голф до својата 92-годишна возраст. Умира во 1999-та на 95 години, опкружен со своето потесно и финансиски обезбедено семејство.

Заебете работа. Играјте голф.

 

8 октомври 2018 - 11:31