Уморни сме од многу работи во баферинг

Пред цел ден век е забележан и објаснет еден феномен на мозокот,  многу повеќе да ги памти незавршените работи отколку оние што се комплетирани. Незавршените или прекинати задачи, обврски или проблеми остануваат да „работат“ во позадина, зафаќајќи меморија и енергија. Колку повеќе такви се трупаат, толку поуморни се чувствуваме, иако навидум нема од што да сме уморни.

Во 1927 година, еден млад руски истражувач влегол во едно берлинско кафуле на ручек и забележал нешто чудно во однесувањето на келнерот, несвесен дека ова едноставно набљудување ќе ја промени психологијата засекогаш. Му пристапив на келнерот и го прашав нешто многу едноставно... Неколку недели подоцна, ова случајно набљудување се претвори во едно од најпознатите откритија во психологијата на 20 век. Денес, оваа случајност помага да се објасни зошто многу возрасни чувствуваат благ и постојан замор, дури и кога не се занимаваат со некоја особено интензивна физичка активност.

Во 1927 година, на свои 26 години, младиот психолог Блума Зејгарник од Советскиот сојуз (денес Литванија) дошла во Берлин за да студира во лабораторијата на Курт Левин, еден од највлијателните психолози во тоа време. Левин го проучувал функционирањето на умот во реалниот живот, во секојдневни ситуации, а не само во вештачки лабораториски услови.

Една вечер, Зејгарник отишла во кафуле со група колеги. Нарачале многу работи, келнерот ги запамтил сите нарачки без да запише ништо и потоа ги послужил без ниедна грешка.

Откако ја платиле сметката, тргнале да си одат, но Блума сфатила дека нешто заборавила, се вратила назад и го прашала истиот кенлер нешто за нарачката.

Келнерот ја погледнал изненадено, не можел да се сети на ниту еден детаљ за нарачката. Истиот човек кој само неколку минути претходно, совршено ги запомнил сите информации. Но сега, со платена сметка и собрани пари, сите тие информации исчезнале како никогаш да не постоеле.

За Зејгарник, ова станло почетна точка за важно истражувачко прашање: Зошто мозокот ги памети недовршените работи а ги заборава оние што се завршени?

Во лабораторијата смислила едноставен експеримент. На учесниците им биле дадени околу дваесет различни задачи. Половина од нив биле во можност да ги завршат своите, додека другата половина биле прекинати на пола пат и замолени да преминат на друга активност.

Резултатите биле конзистентни и јасни во сите повторувања на експериментот. Учесниците се сеќавале на прекинатите (незавршените) задачи речиси двојно почесто од завршените.

Задачите што чекаат не исчезнуваат лесно. Тие продолжуваат да зафаќаат меморија и внимание, како да бараат да бидат земени и завршени.

Денес, овој феномен е познат како „Зeјгарников ефект“.

Еден век подоцна, денешниот возрасен човек живее во постојан Зeјгарников ефект. Десетици недовршени работи одеднаш: неодговорени меилови, одложени важни разговори, незавршен проект, нерешено семејно прашање.... Сè што е оставено недовршено зафаќа дел од умот во позадина, како нарачка на келнер што не е компплетирана.

Колку повеќе недовршени работи се натрупуваат, толку помалку енергија останува за нормално живеење.

23 август 2026 - 11:52