Babylon Bee:

Трета светска како последен обид да се спречи Трамп

Топ демократи се уверени дека ќе влезат во историјата како херои кои го спречиле Трамп да го уништи светот, со превентивно уништување на светот за да го спречат да ја преземе функцијата, пишуваат озбилните заебанти од Бабилон Би во сатиричната вест која го коментира последниот потег на Бајден, да му дозволи на Зеленски да гаѓа длабоко во Русија со американски ракети.

Бидејќи досега не успеаја да го спречат, демократите се решија на својот последен обид да го спречат Доналд Трамп да ја преземе функцијата - со започнување на Третата светска војна.

Откако сите досеграшни напори - да се обвини Трамп, да се отстрани од гласачките ливчиња, да се затвори или да се убие не го спречија да извојува убедлива победа на претседателските избори, лидерите на Демократската партија се надеваат дека нивниот ургентен план за фрлање на светот во нуклеарен конфликтот и последователниот пост-апокалиптичен пејзаж ќе заврши работа.

„Се надевавме дека нема да дојде до ова, но мораме да го направиме она што е неопходно“, рече еден извор од Белата куќа на Бајден. „Го пробавме секој друг план за да го спречиме Трамп да се врати на власт, но тој сепак беше реизбран. Сега, за да ја спасиме Америка и самата демократија, немаме друг избор освен да прибегнеме кон планот „спржена земја“. Буквално спржена земја“.

Топ демократи се уверени дека ќе влезат во историјата како херои кои го спречиле Трамп да го уништи светот, со превентивно уништување на светот за да го спречат да ја преземе функцијата.

„Ништо не ја зачувува слободата како една добра старомодна светска војна“, вели изворот. „Не можете да бидете претседател на Соединетите Американски Држави ако нема Соединетите Американски Држави на кои ќе им бидете претседател. Трамп, матиран си!“

Непотврдени извештаи тврдат дека демократите го сокриле во бункер гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, за да може да се појави како претседател на сè уште врелата, озрачена грамада пепел што некогаш биле САД. Во времето на оваа објава, главните медиуми ги пофалија напорите на демократите да го спасат светот од Трамп со уништување на светот.

извор: Babylon Bee

18 ноември 2024 - 21:18