Враќањето на количката е нешто што го подразбираме како коректна и исправна работа. Враќањето на количката објективно е добар потег работа бидејќи е јасно каква сцена би затекле на паркинг кога луѓето би ги оставале своите колички откако ќе се претоварат во гепек и ќе заминат.
Не постои ситуација, освен поради некоја навистина вонредна причина, човек да не ја врати количката на место за тоа. Не постои.
Од друга страна, не е нелегално да се остави количката. Не постои казна за тоа.
Затоа, количката е извонреден пример дали еден човек го прави тоа што треба да го прави без да биде принуден на тоа. Никој нема да те казни зашто не си ја вратил количката, никој нема да те затвори затоа што не си ја вратил количката. И ништо не добиваш ако ја вратиш.
Количката ја враќаш затоа што си добар и нормален човек. Затоа што знаеш дека е тоа исправно да се направи. Затоа што така се прави тоа. Другите, оние кои ја баталуваат количката се оние за кои обично викаме дека „само од стап се разбираат.“
Тоа еглавната разлика меѓу оние кои се функционални членови на една заедница и оние кои тоа не се, без разлика во каква кола ќе се качат откако ќе ја остават количката.