- Сите три делови истовремено се снимани. Вкупното работно време на траење на снимањето е 274 денови во 16 месеци. Исто време што било потребно и за снимање на "Апокалипса сега".
- Комплетната екипа на филмот броела повеќе од 3.000 луѓе, од кои 300 биле во креативната екипа.
- Трилогијата е снимена за 300 милиони долари. За реклама на трилогијата се дадени 200 милиони долари.
- Првиот дел од трилогијата 13 недели беше на првото место по заработувачка во САД.
- Се проценува дека Нов Зеланд од снимањето на трилогијата заработи околу 200 милиони долари. Владата на Нов Зеланд дури и воведе Министер за Господар на прстените, чија работа била да се истражат сите економски можности од филмот.
- По првата монтажа, првиот дел од трилогијата траел 4 часа и 30 минути.
- Кристофер Ли (Саруман) секоја година по еднаш го чита романот "Господар на прстените" од неговото прво појавување во книжарите. Тој е и единствен член на екипата што го има запознаено Толкин.
- Во филмската трилогија јазикот на вилениците е збогатен со реплики што ги нема во книгите. Новите реплики се напишани со помош на речникот што на времето го напишал Толкин. За време на вежбањето на говорот на вилениците, лекторите користеле автентични снимки од Толкин како ја чита трилогијата.
- Била потребна повеќе од 1 година и над 1.800 парови стапала за да се усовршат само нозете на четворицата главни Хобити. Секој ден на снимањето, на актерите им биле потребни по час и половина за да ги облечат стапалата.
- Клучните сцени од битките се снимени за време на топлотниот бран што го погодил Нов Зеланд, кога температурите стигале до 40 степени. Најголем број "жртви" имало меѓу статистите за Урук-хаи, кои колабирале од исцрпеност и дехидрација.
- Стрелите на Леголас во крајната битка се компјутерски генерирани, бидејќи е физички невозможно дури и за најдобриот стрелец на светот толку брзо да стрела.
- Тортата на Билбо Багинс има 111 свеќички. На снимањето, тортата се запалила од преголемиот број на свеќички.
- Основа на урлањето на Орките во рудниците на Морија, е крик на опосум.
- Основа на звуците на пештерските тролови се крици од морж, тигар и коњ.
- Виго Мортесен сите каскадерски сцени ги правел сам. Тој инсистирал да користи и вистински меч, наместо алуминиумски или пластичен. Тој цело време мечот го носел со себе "за да остане во лик."
- И Орландо Блум сам ги изведувал каскадерските сцени, заради што во еден дел од снимањето и си го скршил реброто.
- За 39,95 долари, на фановите на филмот им е овозможено нивното име да се најде на одјавната шпица на специјалното двд издание од трилогијата.