Лекарот кој ги убедувал колегите да мијат раце завршил во лудница

Кога Семелвајс се обидувал да ги убеди другите лекари дека мора да мијат раце, тие го исмејувале бидејќи неговото тврдење не им изгледало научно оправдано. На крај го имат стрпано во лудница.

На 13 август 1865 година, во институција за ментално болни луѓе, умира лекарот Игназ Семелвајс, еден од најнесфатените луѓе во историјата. Семелвајс бил унгарски научник од германско потекло, специјализиран за породувања. кој го забележува фактот дека кога лекарите и бабиците мијат раце пред породувањето, смртноста на мајките се намалува и до 90%. Во тоа време уште не било познато дека бактериите и вирусите предизвикуваат инфекции. Во случај со родилките, најчеста причина за смрт била таканаречената постпородилна грозница.

Самоуверени во себе и својата професија, неговите колеги ја отфрлаат можноста нешто невидливо да доведува до болести. Во тоа време, етаблирано научно и медицинско мислење било дека болестите се случуваат заради дисбаланс на четирите основни елементи во организмот и главно биле третирани со испуштање крв.

А Семелвајс не им бил јасен зошто би требало да мијат раце кога се они господа а и онака не се занимаваат со валкан труд.

Емотивно исцрпен од залудната битка, почнува да пишува супер навредливи отворени писма до ценетите медицински авторитети од тоа време, нарекувајќи ги убијци и незнајковци. Малку забегува и кон алкохол и дружења со проститутки а со помош на еден негов колега, кој го измамува дека сака да му го покаже неговиот нов институт, го затвораат во лудница. Се обидел да избега од таму но стражарите го фаќаат, го претепуваат а лекарите го врзуваат во лудачка кошула. Умира од гангрена, веројатно како последица од претепувањето.   

13 април 2020 - 16:54