Критика на МАГА умот

Џони МекКенти е трампов лојалист, му беше личен асистент и му го водеше персоналот додека овој беше претседател. Викаат дека таму бил гад и страв и трепет, чистејќи ја Белата куќа од сите кои не му се гледале идеолошки посветени на Мake America Great Again каузата. Не нè занима. Сега е многу полабав, оди по ресторанчиња, јаде и поставува негодни прашања. Некои од вас добро ќе ви се најдат во кавга.

Ако жените можат да бидат плаќани помалку од мажите за апсолутно истата работа, зошто компаниите едноставно не вработуваат само жени?

Либерал: Имам депресија, анксиозно пореметување и збунет сум околу мојот пол но дефинитивно треба мене да ме слушаш како треба да ја средиме земјата.

Зошто на забавите за откривање на полот на бебето, се бира само меѓу две бои?

Ако гениталиите не го дефинираат родот, како тогаш нивното отстранување го потврдува?

Страшно е кога човекот за метео прогноза е најблиску до вистината на она што се кажува на вести.

Ако вакцината не спречува да добиеш вирус или да го шириш вирусот, тогаш што буста бустерот?

Човекот кој на Талибанците им остави 300.000 парчиња оружје ќе ни држи лекции за контрола на оружјето?

 

 

 

11 мај 2024 - 09:50