Крипто-баксузот Мет Дејмон

Немаат на кого, па сопствениците на крипто-валути чија вредност во последно време стрмооглаво паѓа, фатија да фрлаат клетви по Мет Дејмон кој во една многу гледана и извикана реклама ги повика да инвестираат во крипто. Да сте го послушале и да сте фукнале 1.000 долари, сега ќе имавте дури 375 долари.

Последна вест од тој свет е дека познатата крипто-менувачница, веб сајтот Crypto.com отпушта 260 вработени, како дел од вонредните мерки за преживување на лошите денови на крипто-валутите.

Поради тоа, многу луѓе повторно се сетија на Мет Дејмон, човекот кој беше заштитно лице на оваа компанија кој многумина натера да се впуштат во таа инвеститорска авантура, порачувајќи им дека „среќата ги прати храбрите“. Само на Јутјуб, таа реклама има речиси 20 милиони прегледи.

Сега кога биткоинот е тргнат да оди и под 20.000 (беше 68.000), на интернет често ќе наидете на клетви „Мет Дејмон, усто пограна“ и слични, од луѓе кои му поверувале на актерот и ги изгореле парите.

На некои од нив им текна дека биткоинот сега паѓа со брзина со која по гребенот паѓаше Метју Меконахи откако Дејмон го бутна во онаа филмска сцена.

Ако рекламата со Дејмон сте ја виделе првиот ден од нејзиното емитување и сте решиле веднаш да инвестирате 1.000 долари, сега би имале речиси две третини помалку.

Мет Дејмон е добар и одличен глумец. Ама па, ако некој сака да слуша совети од глумци за тоа каде да инвестира пари, тогаш да си направи пуканки и да си ги пушти своите браќа од „Dumb and Dumber“.  

 

 

16 јуни 2022 - 15:02