Кревет дан' требит?

Јас сум специјалист по интензивна нега во еден мал град.

Коронавирусот не е ист како грипот, но навистина е многу опасен за стари луѓе или оние кои веќе имаат проблеми со здравјето. Многу луѓе кои имаат по 80-тина години ќе починат, но повеќето од нас најверојатно ќе бидеме ок.

Ако имаш 70-тина година и закачиш коронавирус, имаш добри шанси да преживееш. Ако имам кревет за тебе.

Ако си на 60-тина години и имаш инфаркт, имаш добри шанси да преживееш. Ако имам кревет за тебе.

Ако имаш 50-тина години и ти треба операција на рак на простата, имаш добри шанси да преживееш. Ако имам кревет за тебе.

Ако си на 40-тина години и си доживеал сообраќајка, имаш добри шанси да преживееш. Ако имам кревет за тебе.

Ако си во свои 30-тина години и имаш компликации во бременоста, имаш добри шанси да преживееш. Ако имам кревет за тебе.

Ако имаш 20-тина години и ти се случи лоша реакција на некоја дрога која си ја кркнал на забава, имаш добри шанси да преживееш. Ако имам кревет за тебе.

Имам седум кревети опремени со потребните машини за поддршка. Имаме план да ги зголемиме на 25. Но, да се набават повеќе не е само прашање на опрема или пари, тоа е полесното. Не располагаме со доволен број обучени луѓе, дури секој ден и да работиме двојни смени 6 месеци (а најверојатно ќе работиме така).

Ако 50% од мојот град се зарази, тоа се 75.000 луѓе. Ако на 5% од нив им треба интензивна нега (такви се проценките), тоа се 3.750 луѓе. На 25 кревети.

Е, тогаш најверојатно ќе немам кревет за тебе.

До тебе е да го избегнеме шпицот. Миј си ги рацете. Седи дома.

 

17 март 2020 - 07:53