Одите на chat.openai.com каде ќе треба да се регистрирате или да се најавите доколку имате постоечки акаунт.
Можно е да го начекате „презафатен“ и времено да не можете да пристапите. Во тој случај ќе мора да се обидете подоцна, а можете да оставите и свој меил за да ве информира кога ќе биде спремен. Во случај кога премногу корисници се веќе логирани, ЧетГПТ генерира некоја порака како оваа подолу, во која духовито советува да останете смирени, да се фокусирате на дишењето и да останете во сегашниот миг додека не ви се укаже прилика за дружба.
Кога ќе пристапите на сајтот, можете да се регистрирате со меил, или да го користите ЧетГПТ преку ваш постоечки Гугл или Мајкрософт акаунт. Подоцна ќе ви го побара вашиот телефонски број.
Откако ќе се логирате, ќе видите дисклејмер дека ЧетГПТ може повремено да генерира неточни информации, да произведе навредливи содржини и дека не е наменет за давање совети.
Потоа уште еден: заради тоа што ЧетГПТ е достапен јавно со цел подобрување на четботот, сè што ќе му кажете може да дојде до трети лица, така што најпаметно е да не му кажувате тајни.
Конечно, OpenAI вели дека можете да помогнете во подобрувањето на четботот преку кликање лајк и дислајк на секој поединечен одговор, како и да споделите фидбек на нивниот Дискорд сервер.
Така некако ќе стигнете на хоумпејџ, каде ви е излистано што сè четботот може и не може да направи дополнето со некои примери.
Разговорот со ЧетГПТ можете да го започнете впишувајќи било што во полето најдолу на сајтот.
Кога еднаш ќе го прашате, ChtGPT почнува да одговара во нов чет.
Ако сакате да го смените прашањето, одете со курсорот врз него и десно ќе се појави икона. Клик, сменете, па Save & Submit.
Гореспоменатите опции за оценка на одговорот преку лајк и дислајк се наоѓаат десно од одговорот што го генерирал ЧетГПТ.
Постои и опција да добиете нов одговор на истото, веќе поставено прашање - за тоа се клика на Regenerate response.
ЧетГПТ автоматски сугерира име за секој чет, секој минат разговор е зачуван и можете да му се навратите подоцна. Можете да му го смените името, да го продолжите разговорот, да го избришете, или да започнете нов кликајќи на New Chat во горниот лев ќош.
Ако сакате да избришете неколку чета одеднаш, кликате на Clear conversations долу лево.
Иако ЧетГПТ е бесплатен, има и своја ЧетГПТ Плус верзија на која може да се претплатите за 20 долари.
На претплатниците им е гарантиран пристап до четботот, дури и кога тој е „презафатен“, ним побрзо им ги генерира одговорите и тие добиваат први пристап до новите опции.