Даниел Денет е малку понов филозоф од Мартин, и се уште жив, кој во Intuition Pumps and Other Tools for Thinking го нуди „најдобриот лек за тенденцијата противникот да се исмејува“, што се базира на работата на психологот Анатол Рапорот, која тој ја сведува на четири чекори:
„Како да составиш успешен критички коментар:
1. Треба да се обидеш да ја изразиш позицијата на твојот противник толку јасно, очигледно и впечатливо што тој ќе каже ’Фала, би сакал и јас така да можев да објаснам’.
2. Треба да ги наведеш сите точки околу кои се согласувате (посебно ако тоа се работи за кои не постои општ консензус).
3. Треба да споменеш се што си научил од твојот противник.
4. Дури тогаш ти е дозволено да кажеш збор критика или побивање.“
Како што објаснува Денет, ова е одлична стратегија за својот противник да го претворите во внимателен слушател на вашата критика и несогласување, што ви дава предност во понатамошниот развој на дискусијата.
Денет не објаснува како ова да го направиш задолжително секој пат кога некој ќе сака нешто да коментира на интернет.