1. Сексуална терапија
Човеков е интересен по две основи. Прво за една година успеал да потроши 113 илјади долари на проститутки и потоа истите се обидел да ги наведе како основа за даночно олеснување. Во даночната пријава за 2002-ра, пензионираниот адвокат Вилијам Г. Халби напишал дека услугите на нелегалните проститутки и посетите на "салони за масажа" му биле неопходни за здравјето. Како што објаснува сексот со проститутките бил терапевтски бидејќи честите оргазми помогнале во намалување на стресот а еротските масажи му ја олеснувале артрозата.
Лелиот план можеби ќе успеел доколку даночниците не се фателе за ситници дека проституцијата е нелегална во Њујорк што значи дека и стресот му е нелегално намален.
2. "Безделнички" долг
Ова е веројатно единствен случај, кога имаш ќар ако некој не ти врати пари. Според законот, ако некому му позајмиш пари и никогаш не добиеш ниту денар назад, на тие пари не треба да платиш данок. Овие лични долгови од "безделници" се разликуваат од регуларните бизнис долгови бидејќи нема кого да бркаш за да ти ги плати.
3. Масло за тело
Клучната улога што маслото за тело ја има на натпреварите во бодибилдинг е причината зошто даночната служба на професионалните билдери им го признава маслото како регуларен бизнис трошок. Сепак, за жал на билдерите, ова правило не важи за суплементите и препаратите кои ги користат.
4. Промена на пол
Со малку помош од ЛГБТ здруженијата и малку повеќе упорност, жена од Бостон која била родена како маж, успеа 20% од парите кои ги дала за промена на полот да ги одбие како основа за оданочување. Во објаснувањето, "пореметувањето на полот," е легитмна медицинска состојба и треба да се третира како болест за која е неопходно лечење. Даночниот авторитет се согласил дека хормонската терапија и операцијата за промена на полот се преферираниот третман за проблемот и заради тoа треба да биде изземен од плаќање.
5. Пожар
Откако неколку години не успеал да го продаде мебелот од својот дуќан, сопственикот најмил човек што ќе го запали дуќанот (се правело тоа и овде). Генијалниот план успеал и газдата добил 500.000 долари од осигурувањето. Делот на кој што паднал сопственикот и заради кој го читате ова е обидот 10.000-те илјади долари што му ги платил на пироманот, во даночната пријава да ги наведе како "консултантски услуги." По ова од даночното започнале истрага и против пироманот, кој завршил со казна од 6.000 долари за прикривање данок. На крај и двајцата биле испратени во затвор за измама.
6. Секс производи
Австралија им дозволува на проститутките да ги наведат трошоците за алатките потребни за работата, како шминка, секс играчки, кондоми, долна облека и лубриканти, како основни средства за работа за кои се ослободени од плаќање данок.
7. Храна за мачки
Сопственик на депонија кој имал проблем со глувци, стаорци и слични штеточинки, го решил проблемот со поставување чинии со храна за мачки низ целиот имот. Ова ги привлекло мачките, кои за кратко време му го решиле проблемот. Бидејќи храната за мачки ја остварила својата цел и бизнисот имал профит од тоа, даночната служба го дозволила намалувањето на данокот.
8. Слепило
Од 2010-та, американската влада дозволува олеснување од 1.200 долари за сите кои не гледаат. Оваа промена е воведена заради големиот број на воени ветерани кои се слепи, но и затоа што слепите луѓе имаа повисоки трошоци за живот.
9. Базени
Ако по некаква основа успеете да го натерате докторот да ви препише базен за користење, тогаш добивате олеснување за неговата изградба и за трошоците за негово одржување.
10. Силикони
Откако ги направила градите 56FF (една града ѝ тежи 4,5 килограми), стриптизетата Синтија Хес, пријавила толкава разлика во приходите, што даночното одделение морало да ѝ ги признае силиконите како легитимен бизнис трошок. Неколку години подоцна кога едниот од имплантите пукнал, Синтија успеала и ремонтот да го наведе како деловен трошок.
******
Инаку, деновиве во македонскиот УЈП е прилижно живо за што сведочи снимката која ни ја прати читателка. Даночниците пробуваат со рејв журка да намамат посетители: