Пропагандата знае да каже: Венера е пекол, Венера е злобната близначка на Земјата. Оти па Марс е тропски рај со ол инклузив хотел.
Луѓето кои мислат дека треба да ја истражуваме Венера немаат илузии дека планетата е неоткриен рај. Нејзината површинска температура може да топи олово. Атмосферскиот притисок би ве смачкал - како да нагрне тежина на возрасен бизон на секој квадратен сантиметар од вашето тело.
Но, ние од тимот Венера не ги засладуваме предизвиците а нашата цел и онака не е да шпартаме по планетата. Ние целиме повисоко од тоа: приближно 55 километри повисоко.
Помеѓу 50 и 60 километри од површината на Венера, постои нешто како џеб погоден за живеење. Температурата е нормална за Земјата, атмосферскиот притисок е како оној на Земјата на ниво на морето, а атмосферата богата со јаглерод диоксид обезбедува природна заштита. Слојот на атмосферата штити од температурата и зрачењето.
Можеме таму да изградиме пловечка населба, а стандардната атмосфера слична на Земјата внатре би ја одржувала пловна наспроти воздухот богат со јаглерод диоксид надвор. И не мора да се ограничуваме на една единствена населба. Би било лесно да се патува меѓу нив; веќе сте во воздухот лебдејќи наоколу, треба само да се додаде малку гас.
Покрај тоа, гравитацијата исто така е прилично нормална за Земјата. Нема потреба да се грижите за штетните ефекти од ниската гравитација на Марс.
Венера се приближува до Земјата повеќе од која било друга планета - иако Меркур е статистички најблиската планета до сите други во која било дадена точка.
На најблиската точка, Земјата и Венера се оддалечени само 38 милиони километри а на најоддалечената точка, Венера е оддалечена 261 милион километри. Тоа е значително поблиску од минимумот на Марс од 56 милиони километри и максимумот од 401 милион километри.
Прозорецот за лансирање помеѓу Земјата и Венера се случува почесто, еднаш на секои 19 месеци наместо на секои 26 месеци како кај Марс. Патувањето до таму и назад е исто така побрзо, што значи дека можеме да испраќаме залихи или да враќаме истражувачи со поголема фреквенција од кое било хипотетичко истражување на Марс.
Мисиите како Венера 1 стигнаа до Венера за само 97 дена. Венус Експрес, кој изврши орбитално кружење околу планетата, траеше 153 дена. Ова е сепак пократко од минималните седум месеци потребни за да се стигне до Марс.
Не дека нема некои предизвици, но не би било авантура без нив.
Ветровите на Венера на таа височина се силни на ниво на ураган, со брзина помеѓу 210 и 370 километри на час. Друг предизвик се облаците од сулфурна киселина кои дефинитивно би го погодиле нашиот град во облаците. Киселата средина не е идеална, но имаме пластика што е отпорна на повеќето концентрирани киселини. Тефлонот, што му фали? Исто така, ќе мора да смислиме начини за одгледување храна.
Навивачите на Венера не се срамат да кажат дека проблеми постојат. Но треба да смислиме решенија за нив кои ќе бидат корисни и на Земјата. Не мислите ли дека луѓето би можеле да имаат корист од структури отпорни на урагани? Или малку да гладуваат бидејќи ресурсите се ограничени?
* Доктор Алфредо Калпинети во рубриката IFLScience Hot Takes, мислења кои земаат глупава или скандалозна идеја која потоа таа жестоко се брани како да ѝ се верува.