За која држава има најмногу вицови во друга држава?

Идејата е да се направи мапа со тоа во која држава за кого се прават најмногу вицови. Па така во Македонија, Албанија и Турција има најмногу вицови за Грците, за нас најмногу вицови има во Бугарија, Грција им е намерачена на Албанците, а Италија е единствена која најмногу се исмејува самата себе.

Во мапата, составена од Europe's not dead, под ставка Бугарија како вицови за нас има доскочици од типот "Кој е најкраткиот бугарски виц? - Македонски народ." и "Сите луѓе потекнуваат од мајмуни, само Македонците од Бугари."

Македонскиот сеир на Грците е расправата меѓу Италијанец и Грк, за тоа кој има поголем придонес кон светската цивилизација, па по некое време расправање Гркот триумфално вели "Ние го измисливме сексот," а Италијанецот му го спушта "Да ама ние први почнавме да имаме секс со жени."

Албанците на тема Грци имаат вицови од типот "Како се вика се вика Грк со 300 жени? - Овчар."

20 август 2013 - 21:30