Светот на Ѓоковиќ низ македонски очи

Новак Ѓоковиќ од неодамна има туристичка агенција која нуди некои доста интересни аранжмани (адреналински одмори, соло летувања, тениски туризам и сл). Не ни е тоа муабетот. Од сите слики на светов кои им се достапни, Ѓоковиќ и неговиот веб тим за својот сајт ги одбраа сликите на Роберт Смилески, еден наш човек кој ужива да ака по светов во сопствена режија и истовремено е одличен фотоаматер.

* повеќе на сајтот на NOVAK WAY

14 мај 2012 - 16:19