За да се стигне до листата треба да одиш на: "Settings" па на "Adverts" таму на "Ads based on my preferences." кликаш на "Edit" и во новиот прозор кликаш на "Visit Advert Preferences". Тука е целата листа.
Или кликни на линков: https://www.facebook.com/ads/preferences/edit/
До секоја категорија има објаснување зошто се нашла кај тебе на список (најчесто си кликнал на нешто поврзано со тоа).
Добрата вест е дека секоја од овие ставки можеш да ја избришеш со кликање на "Х" од десно. Лошата вест е дека ФБ само ќе почне од ново да бара категории за тебе.