Пар работи за богатството на Ворен Бафет

Не само што богатството на Ворен Бафет е импресивно туку е уште поимпресивно колку долго тој успева да ја победи берзата. Во 43 од 46 години тој и неговата компанија е подобра од индексот S&P 500. И затоа денес неговиот новчаник изгледа вака.   

Да сте инвестирале 1.000 долари во Berkshire Hathaway во 2.000 година, тие пари денес би вределе 1.800 долари.

Да сте инвестирале 1.000 долари во Berkshire Hathaway во 1990 година, таа инвестиција денес би вредела 28.798 долари. 

Да сте инвестирале 1.000 долари во Berkshire Hathaway во 1980 година, таа инвестиција денес би вредела 458.351 долар.

Да сте инвестирале 1.000 долари во Berkshire Hathaway во 1970 година, таа инвестиција денес би вредела 4,42 милиони долари.

Да сте инвестирале 1.000 долари во Berkshire Hathaway во годината кога Бафет стана главен акционер, денес би имале 10.5 милиони долари.

Во 2013 година Ворен Бафет дневно во просек заработуваше по 37 милиони долари. Повеќе отколку што за цела година заработила Џенифер Лоренс.

Со она што го заработува во еден час можат да се платат 7 комплетни студентски стипендии на скапата Колумбија.

Вкупното богатство на Ворен Бафете еднаков на комбинираниот БДП на Исланд и Либан.

99% од своето денешно богатство го има заработено по 50-тата година од својот живот.

извор

2 март 2016 - 16:40