Проблемот со чекањето на Нобел е што на научниците им е потребно се повеќе и повеќе време за да ги докажат или оспорат теориите кои вредат да ја добијат наградата. Еден од примерите е Питер Хигс, кој минатата година ја доби наградата за неговата работа на Хигсовиот бозон, повеќе од 50 години по објавувањето на оригиналната теорија. Лани Хигс имаше 84 години и за среќа жив ја дочека наградата, бидејќи таа не се доделува постхумно.
Пишувајќи за магазинот Nature, истражувачот од финскиот Универзитет Алто, Санто Фортунато, објаснува дека времето за чекање "се заканува да ја поткопа најпочитуваната научна институција," затоа што сите научници што ја заслужуваат наградата можат да бидат умрени додека нивните постигнувања се признаат.
Најголемиот застој е што науката станува покомпликувана, а лесните теории веќе се разграбани или разрешени.
Пред 1940-та, процентот на добитници кои чекале 20 години за да ја добијат Нобеловата награда изнесувал 11% за физика, 15% за хемија и 24% за медицина. Во 1985-та, овие бројки се пораснати на 60%, 52% и 45% кај секоја од нив.
"Со вакво темпо до крајот на векот, предвидената просечна возраст на добитниците ќе биде поголема отколку предвидениот животен век на истите," објаснува Фортунато.