Ако немате пари, време или воља да акате по светот и живот да живеете, а битно ви е другите да мислат дека живот живеете, апликацијава е за вас. Штанца ВИ фотки со вас на плажа, на балкон на некој европски град, на вечера со пријатели. Ќе го лажира животот кој го живеете нудејќи ви фотки од живот каков што мислите дека заслужувате да живеете. Има и “Room Service” - секое сабајле да ви испорачува по две фотки од вашиот непостоечки живот.