Што е постаро, јајцето или кокошката?
Конечниот одговор според авторите на The Second Book of General Ignorance е - јајцето. Ако одговорот се побара во теоријата на еволуцијата, се доаѓа до објаснувањето дека птиците настанале од влекачи, што значи дека првата птица мора да настанала од јајце од рептил.
Петка или глава?
Шансите не се 50% - 50%. Студентите од Универзитетот Стенфорд со камера снимиле илјада фрлања на паричка и откриле дека соодносот меѓу петка - глава е 51% : 49%.
Каква боја имаат портокалите?
Тоа зависи од местото каде се одгледуваат. Во многу земји портокалите се зелени, дури и кога се стасани за јадење и како такви се продаваат. Портокалите во Виетнам имаат светло зелена боја однадвор, а портокалови се само внатре.
Зошто Гај Јулиј Цезар носел ловоров венец?
Цезар не го носел венецот во знак на победа, туку заради суета, за да прикрие дека ќелави. Затоа бил воодушевен кога Сенатот го почестил со оваа привилегија.
Колку тежи облакот?
Според Национален центар за атмосферски истражувања во Колорадо, просечен облак кумулус тежи колку и 100 слона а големите облаци што навестуваат бура имаат тежина колку 200.000 слона.
Што може да живее вечно?
Бесмртната медуза (Turritopsis utricula). Тајната на оваа медуза е во тоа што има способност со текот на времето да се трансформира во својата помлада форма. Старите клетки се растопуваат во попрости форми и целиот организам се подмладува. Ако нешто не и напакости, не постојат биолошки пречки да живее вечно.