**********
За овој феномен пишувавме уште кога ситуацијата беше банална (види: Побрзо од вирусот се шират само гласините за вирусот). Во меѓувреме добивме и локален придонес на темата, од интересни инстанци. Нашиот пријател Ферид - јас гласав за промена на името ама чекајте да ви објаснам колку е идиотски да си го смениш името - Мухиќ, во интервју на Канал 5 рече дека:
- е јасно дека вирусот е синтетички, односно лабораториски;
- дека веќе постои вакцина но се чека зголемување на потребата па да пуштат 2-3 милијарди вакцини;
- дека заразата е насочена кон деполулација на возрасното население и подмладување на европските државите кои се демографски стари.
Овде, на 8-ма и 13-та минута.