Факт на денот

Елизабет Тејлор доцнеше на својот сопствен погреб.

Филмската икона Елизабет Тејлор почина на 23-ти март 2011. година од проблеми со срцето. Погребана е на калифорниските гробишта на кои почиваат многу познати лица, меѓу кои и нејзиниот пријател Мајкл Џексон.

Церемонијата започнала навреме, но покојната се појавила со 15 минутно задоцнување.

Ова се случило на нејзино изрично барање, откако претходно дала прецизни инструкции нејзиниот ковчег да пристигне со дамско задоцнување од 15 минути. Едноставно, проценила дека на дива од нејзин калибар не и личи никаде да доаѓа точно на време.

Баше мажена 8 пати, за 7 мажи.

8 октомври 2012 - 14:02