Ви проследуваме скен-копија од писмото што вчера беше испратено до Собранието на Република Македонија од дел од академската заедница во земјава. Во писмото се бара да биде дозволено учество на претставници на академската заедница и на Студентскиот пленум на седницата на Комисијата за образование, наука и спорт, во чии рамки ќе биде одржано првото читање на предлог-законот за изменување и дополнување на законот за високото образование.
Писмото е потпишано од проф. д-р Билјана Ванковска, во име и со поддршка од повеќе професори од различни универзитети.