„Оние денови" - вистинска

Bodyform, британски бренд за женски хигиенски производи, е денешниот шампион во спинување. На ироничен пост на нивниот Фејсбук сајт тие одговорија со одлично видео кое стана вирално.

Извесен Ричард Нил постирал коментар на Фејсбук страницата на Bodyform, во кој протестира против рекламите за влошки, велејќи дека тие му уште како дете му создале погрешен впечаток дека жените во „оние денови" се живи среќни и подготвени на секакви авантури: од возење точак и ролање до фрлање со падобран, сето тоа придружено со жестоки гитарски рифови.

Работата станала јасна кога Ричард си фатил девојка, и таа во посочените денови од месецот не ги покажувала очекувани знаци на радост, туку од жената која ја познавал се претворала во „девојчето од Истерувач на ѓаволот, дополнето отров и глава која може да се врти за 360 степени". „Баш ви фала што ме наместивте" - е отприлика неговиот заклучок.

Одговорот на фирмата е следен: „Многу ни се допадна твојот пост, и секогаш сме благодарни на коментари на наши корисници, но овој твојов беше посебно инспиративен. Да имаше Фејсбук копче love ќе го кликневме. Но нема. Затоа ти го снимивме видеово. Бодиформ нема извршен директор, но да имаше таа ќе се викаше Керолин Вилијамс. Еве што ќе изјавеше..."

Линк за неговиот коментар

17 октомври 2012 - 15:08