Многу спореден, а денес многу надреален, исечок од некоја си од емисиите на Бранко Коцкица. Матичниот педагог на милиони југословенски деца ги кани дечурланата на маса „да цепнемо нешто жестоко“.
Додека не ја најдеме цела епизода, многу држи и тоа дека ова е веројатно некој поучен дел од скеч во кој југословенската младина се челичи како да се спротивстави на пороците што ги демнат семејните софри и разни други собиранки.