Видео кое демонстрира што прави капка виски на колонија од милиони бактериии. Масакр. Ако е така со виски и неговите скромни 40 степени алкохол, тогаш од оние наши 45+ што по правило „ми ги носи човек од Кавадарци, само за свој ќеиф прави“ (а прави 500 литра човекот), бактерииве извршуваат масовно самоубиство штом ќе се отвори шишето.