Звукот на Аја Софија

Двајца експерти од Стенфорд реконструирале како звучел христијански хор во импозантната Црква на Пресветата Мудрост во Истанбул пред повеќе од 500 години.

Кога Света Софија била изградена во Истанбул во 6-от век, тоа била најголемата градба во светот, архитектонски бисер со уникатна акустика која цели 10 векови инспирирала религиозна музика создавана за да биде изведувана токму таму. Отоманската империја ја освојува во 1453 година, таа станува џамија и хорската музика е забранета. Подоцна станува музеј за Ердоан деновиве повторно да ја прогласи исклучиво за џамија

Звукот во тоа чудо е неверојатен. Доволно е да слушнете како звучи пукање на еден балон во обична просторија и како тоа звучи во неа. 

27 јули 2020 - 16:04