Жената која прва виде вариола вера

Сеќавањата на доктор Ана Глигиќ се толку свежи што таа уште го памти бројот на контакти на нултиот заболен, човек кој од Скопје тргнал на аџилак во Мека и Медина.

Интервју со раководителката на тимот за дијагностицирање и сузбивање на вариола верата во Југославија во 1972 и жена која прва го изолирала вирусот.  Кога ја повикале на служба при првите сигнали за присуство на вариола имала две мали деца, но се чувствувала како војник и немала никаков сомнеж дека мора да се нафати на опасната задача - да зема брисеви од кожата на заболените и да го утврди обемот на епидемијата.

Има тука интересни детали, за периодот од 15 февруари до 1 мај 1972, кога д-р Глигиќ била таа која на телевизија соопштила дека епидемијата е завршена. На пример дека меѓу првите „осомничени“ била „госпоѓа која патувала со црнец во воз“ (после излегло дека тоа не било вариола); колку сериозно биле водени протоколите во аналогно доба; како се сакало тајно да се разрешат првите осум случаи за да не пропадне сезоната за на море; за масовната вакцинација и проблемите околу тоа за кои не сака многу да зборува. 

**********
Предлог за гледање:

Вариола вера (1982).
Режија:Горан Марковиќ.
ЦЕЛ ФИЛМ

 

25 март 2020 - 12:49