Од вакви се хранат војните

Некои во Украина баш својски се трудат да ги потврдат сите точки на „руската пропаганда“. Новинар на украинска телевизија се повика на Адолф Ајхман и јавно побара да се сотрат руските деца.

Знам дека сум новинар и дека треба да сум објективен и балансиран за да ги пренесувам вестите со ладна глава, но искрено, тешко е да се воздржи човек во вакви времиња.

А бидејќи во Русија нè нарекуваат нацисти и што уште не, ќе си дозволам да го цитирам Адолф Ајхман кој рече дека за да се уништи една нација, треба да се уништат нејзините деца. Бидејќи ако ги убиете родителите, нивните деца ќе пораснат и еден ден ќе побараат одмазда. Со убивање на децата, тие нема да пораснат и нацијата ќе исчезне.

Армиските сили на Украина не смеат да убиваат руски деца бидејќи тоа е спротивно на правилата на војната и со разни меѓународни конвенции, меѓу другото и со Женевската.

Но јас не сум украинската армија. И кога ќе имам шанса да скинам Русин, дефинитивно ќе го направам тоа. Бидејќи ме нарекувате нацист, ќе ѝ се приклонам на иделогијата на Ајхман и ќе направам сè што е во моја моќ вие и вашите деца да не постоите на оваа земја. За да почувствувате како е кога гинат невини цивили, за да почувствувате болка, кога викате ние не ја почнавме војната, Путин беше тоа, ама ни ние не ја сакавме оваа војна.

Но, мора да разберете дека овде се работи за победа на украинскиот народ а не за мир. Нам ни треба победа. И ако тоа значи да ги заколеме сите ваши фамилии, јас ќе бидам првиот кој ќе го направи тоа. Слава на нацијата!

Со надеж сум дека никогаш повеќе на Земјава нема да постои нација како руската. Бидејќи тие се шљамот која ја уништува оваа земја. Украинците треба да ја користат секоја прилика да ги убијат, заколат или задават Московјаните. Секој од нас, барем по еден од нив.

Фахрудин Шарафмал, на украинската ТВ 24, медиум кој е во сопственост на Катерина Садова, сопруга на градоначалникот на Лавов. На таа фреквенција можат да се слушнат и повици за кастрирање на зарoбените руски војници, бидејќи се тоа „бубашваби, а не луѓе“.

 

22 март 2022 - 13:29