Да се разбереме не дека нешто е подобро кај Млин Балкан / АМСМ каде исто толкаво парче со месеци дреме раскопано а сите тамошни фирми сето тоа време останаа без да може муштерија да им стапне во дуќан.
Кога и да се завршат кој и да е од овие проекти, кметот (кој и да е дојден на ред) истите нив ќе ги продаде како успех дека ете реновирал улица и поставил подземна канализација (без разлика на резилот од рок), возачите што секојдневно минувале од таму веста веројатно ќе ја дочекаат кај матичниот авто-механичар чекајќи да сменат спона или амортизери, а сопствениците на дуќани ќе треба покорно да бидат преблагодарни што на некадарните „проект-менаџери“ има требале месеци за да средат 300 метра улица, без разлика што рокот е ко да правеле 300 метри подземна железница.
Од друга страна па, зошто да биде поинаку кога и вака може, а?
П.С. Затоа што сме тука каде што сме, секогаш има и полошо, пример 5-те километри автопат Петровец - Катланово кои 2,5 години не се довршени. За овие 2,5 години сменети се повеќе пластични обележувачи на лента отколку метри асфалт.