Русофобијо, и на Американци си им тешка

„Тоа што го носиме НАТО до руските граници е закана за сечија национална безбедност,“ велат двајца американски професори и експерти за надворешна политика кои сметаат дека главната закана за САД е хистеричната русофобија која владее на тамошната јавна сцена. „Замислите Кина или Русија да направат свој воен блок и во него да ги зачленат Мексико и Канада, ќе го толерираме ли ние тоа?“ 

На Медиум има една разложно прикажана твитер расправа со листинг на неколку (не)свесни дебатни трикови и логички дриблинзи (гиш галоп, ад хоминем...) кои често се користат во таа неподнослива леснотија Русите да се криви за сè.

24 јули 2018 - 18:35