п.с. Лејди Гага е гола

Следејќи ја железната закономерност на поговорката "секое лонче си има капаче," се сретнаа двете лудари, Марина Абрамовиќ и Лејди Гага. Првава ја учи вторава на својот "Абрамовиќ метод" кој се состои од "серија вежби дизајнирани да ја зголемат свесноста на учесникот за неговата физичка и ментална присутност во сегашниот момент". Цврц!

Инаку, Лејди Гага напорно го подготвува својот прв албум по неколку години па веројатно добро ѝ дошло вакво ресетирање, а на Абрамовиќ ѝ е потребен публицитет затоа што во моментов на Кикстартер собира пари (600.000 долари) за отворање свој интердисциплинарен Институт за перформанси.

8 август 2013 - 12:48