Неделата во трејлери


Mansome (премиера 18-ти мај 2012.)
Документарец за бркот. Плус за брадата. Плус за сите влакна по вашето тело. Овој пат збориме само за влакната кај мажите и што со нив и како со нив. По пат и малку за производите за нега за мажи.

 

 

Prometheus (премиера 8-ми јуни 2012.)
На списокот на негови фантастики се ордените од "Alien" и "Blade Runner," нема зошто воопшто да се сомневаме околу тоа што може Ридли Скот да го направи со "Prometeus."

 

Savages (премиера 6-ти јули 2012)
Го има Џон Траволта, ама се надеваме дека Оливер Стоун ќе успее да го извади филмот. Во филмот бирате меѓу лоши и полоши ликови. Добрите никој не ги ни спомнува.

 

 

Revolution (тв серија) (премиера сезона 2012/13)
Во еден момент ја снемува целата струја во светот. Комплетно цела. Не работат електрани, батериите се празнат, автомобили, авиони, компјутери, телефони, се се празни во една секунда. Продуцент J.J. Abrams, човекот што го смисли Lost. Режија Џон Фавро (режисер на Ајрон Мен 1 и 2).

 

Madagascar 3 (премиера 8-ми јуни 2012)
Истите ликови од Мадагаскар, тргнаа назад накај Њујорк преку Европа.

18 мај 2012 - 19:23