Неделата низ трејлери

Неделава имаме филм за еден претседател и неговата девојка, уште еден Бонд, филм за тоа како настанал култот на Скиентологија, Големиот Гетсби и документарец за силувањата во американксата армија.


Hyde Park on Hudson
режија: Роџер Мичел
премиера: 7-ми декември 2012.

Некаде на крајот од 90-те луѓето почнаа да мислат дека можеби Бил Муреј треба да добие Оскар. Како што знаеме не доби. Овој филм му се одлична шанса за тоа. Муреј е американскиот претседател Френклин Рузвелт, и се заљува во својата далечна роднина. Во меѓувреме, во посета доаѓаат Кралот и Кралицата на Велика Британија.



The Master
режија: Пол Томас Андерсон
премиера: 12-ти октомври 2012.

Филмот е за американскиот култ / религија формирана по Втората Светска војна. Пред официјалната најава, проектот беше познат како "Скиентолошкиот филм" на Андерсон.



Skyfall
режија: Сем Мендес
премиера: 9-ти ноември 2012.

Сони го пушти трејлерот за Бонд на Сем Мендес. Ова е третиот Бонд на Даниел Крег. И како и претходните Бондови на Крег и овој изгледа серизоно. Во филмот се појавуваат и Ралф Фајнс и Хавиер Бардем.



The Great Gatsby
режија: Баз Лурман
премиера: 25-ти декември 2012.

Адаптација на книгата на Фитцџералд. Петти обид.



The Invisible War
режија: Кирби Дик
премиера: 22-ри јуни 2012.
"Една од најсрамните и најдобро чуваните тајни на Америка - епидемијата на силување во американската армија."

 

25 мај 2012 - 19:42