Најбараниот човек во Австралија

Не е ни масовен убиец, ни масовен силувач, ни масовен педофил. Мета на најновата полициско-медиумска потера во Австралија е дечко кој иако знаел дека има ковид, го напуштил апартманот и згора на сè, кивнал кога се возел сам во лифтот!  Постои и снимка од австралискиот Осама бин Ладен.

Ваквиот медиумски фокус е можен ако под тепих го подбутнеш масовниот помор на луѓе, култури и јазици кој се случи во име на тоа цивилизираниот свет да може да брка човек кој кивнал во лифт:

Веќе е клише да се каже дека нешто не се цени додека не се изгуби, но масовниот помор на домородните јазици од Австралија е идеален, речиси лабораториски пример за проучување какви сè последици има тоа врз луѓето и нивните заедници. Во Австралија, домородните луѓе имаат двојно повеќе шанси да имаат некој хендикеп, шест пати повеќе шанси да немаат свој дом и 420% поголеми шанси да биде невработен отколку националниот просек.

од статијата: Оние кои го губат јазикот, го губат и здравјето

 

24 август 2021 - 12:18