Депонијата K2

К2 е втората по височина планина во светот. Нирмал Пурџа е првиот планинар кој го направи надчовечкиот подвиг и ги искачи сите 14 врвови во светот над 8.000 метри за само 7 месеци (од кои последните 5 врвови беа искачени за само 12 дена). Подвиг што обично се прави во рок од цела кариера или барем неколку децении.

Деновиве Пурџа пак беше на К2, и според луѓето од неговиот тим на него му се слошило од смрдеата од ѓубрето околу вториот камп под К2 „скапана храна и човечки отпад.“

 

По ова Пурџа и неговата фондација најавија акција за чистење на кампот:

 

24 август 2022 - 09:25