Зеница блуз со МК таблички

Та не е само Влатко, та не е само Мирослав. Македонска песна пасент ѝ стои и на класичната гитара на Бошко Јовиќ од Зеница, кој понекогаш звучи како Патакот и Тадиќ заедно. Овој босански гитарист разбира што е севдах, а тој што разбира што е севдах, нема шанси да ја утне Македонија. 

* Хинт за Бошко ни нафрлија нашите нови пријатели од Радио Сарајево. Посебен поздрав до некогашната скопјанка Лана.

15 ноември 2013 - 08:50