Васко и 21 век за сите среќно и несреќно заљубени

Васко може да ви остави впечаток на човек кој бааги зборува. Ама па, кога ќе видиш колку е вреден и тоа вреден без државни субвенции и лигавења, и кога ќе видиш колку музика прави и тоа колку добра музика прави, ти иде да го најдеш и да му кажеш: Збори ми Васе колку сакаш!

Песната “Ужасно ми фалиш“ e снименa во еден цуг, во режија на Милан Блажевски, и е најава за нивниот трет албум “Си нацртав живот“, кој ќе биде издаден во септември. 

Од Таксират викаат дека овој пат, групата (Васко Атанасоски-вокал, Дени Крстев-гитара и програмирање и Раде Јордановски-бас) составена од членови на Bernays Propaganda, ХАХАХА, FxPxOx и My Tear ќе нè почастат со тажни мелодии и љубовни текстови.

„Ужасно ми фалиш“ е бонбона песна, со еден винтажен шмек кој веднаш те тера да се чувствуваш подобро отколку пред да ја пуштиш. 

****

Васко како диџеј во Трендоленд и неговата мигрантско- бегалска плејлиста. Го имаме и овде.

24 јуни 2021 - 15:38