Дејвид Боуви виа Френк Синатра

Дејвид Боуви на времето напишал стихови за француската “Comme d’habitude“, на Клос Франсоа. Признава дека стиховите биле шкарт, ама, ги пратил. По некое време на радио ја слушнал мелодијата, помислил дека е тоа неговата песна кога оно - My Way на Синатра! Бил изнервиран но и заинатен да направи слично драматична песна. Така настанува "Life on Mars", за која легендарниот клавијатурист Рик Вејкмен вели дека е најдобрата песна на која свирел.

Клод Франсоа - Comme D'Habitude

Френк Синатра - My Way

Дејвид Боуви - Life on Mars

п.с. На оригиналниот омот на албумот Hunky Dory, до песната Life on Mars, Боуви има ставено забелешка: „Инспирирано од Френки“.

п.п.с. Со текот на времето, Синатра бааги ја има отсакано „My Way“ и мразел да ја пее. Ја сметал за помпезна.

1 февруари 2025 - 21:49