Праизведбата во Виена била огромен успех и била прекинувана со гласни овации а присуствувал и веќе наглувиот автор. Деветтата се темели на „Одата на радоста“ на Фридрих Шилер, напишана 40-тина години претходно. Пред да ја „углазби“ Бетовен, Одата веќе била широко прифатена а меѓу студентите била хит и важела за песна за опивање. Денес тоа е химна на Европа која се бори со тежок мамурлук.