Што технологија да облечам утре?

Додека илјадници Mакедонки деноноќно шијат по погони и погончиња за она робовладетелско лон производство, во светот се најавува облеката која не чека во блиска иднина. Тач скрин маици, како ви звучи?

Не им е готово ама не издржаа да не се пофалат што имаат во ракав: познатиот производител на спортска опрема Under Armour ја најави својата следна линија на технологија за облекување со која ќе се трка со конкурентот Најк и неговиот Fuel bend.

Станува збор за концепт на кој веќе забрзано се работи, се вика Armour39 и се претставува како уникатен мерач за "моќта на волјата".

Мери брзина, интензитет, срцеви отчукувања, потрошени калории и други параметри за да ви каже како вашата вежба стои на скала од 1 до 10. Резултатите ви се достапни на вашиот ракав а оделото ќе биде поврзано и со таблет апликација.

Чудно е што нема GPS кој би бил драгоцен за оние што џогираат и генерално вежбаат надвор, но, или ќе го вградат додека биде готово или сметаат на дополнителен приход кога ќе ви понудат апгрејд на облеката која ја носите.

Вака тоа ќе изгледа:

 

 

16 февруари 2013 - 08:55