Од 73.000 различни НФТ колекции анализирани за извештајот на Дапгамбл, 95% имаат пазарна вредност од 0 етереум коини.
Процената е дека речиси 23 милиони луѓе имаат инвестирано во овие сега безвредни продукти.
„Ова е застрашувачка реалност која би можела да служи за освестување од еуфоријата околу НФТ просторот. И покрај приказните за дигитални уметнички дела продадени за милиони и приказни за успех преку ноќ, лесно е да се заборави на фактот дека пазарот е преполн со бездни и потенцијални загуби,“ објаснуваат истражувачите.
Бумот на НФТ технологијата се случува во време кога цената на биткоин го достигнува својот пик од речиси 70.000 долари.
Моментално околу 79% од сите НФТ колекции остануваат непродадени, а само 1% од сите имаат цена над 6.000 долари, што е неспоредливо со редовните милионски продажби од пред две години.
„Станува јасно дека значителен дел од пазарот на НФТ е карактеризиран од спекулативни ценовни стратегии кои немаат врска со вистинската историја на тргување со овие средства.
Плус, очигледното разидување меѓу наведените цени и реалната продажба покажува дека голем број продавачи чекаат уште еден голем бран на интерес за НФТ како оној во 2021, кој може никогаш повторно да не се случи,“ се објаснува во извештајот.