За што имаше Лос Анџелес пари

Властите на Лос Анџелес во месеците пред (редовните) пожари, го намалиле буџетот на противпожарните единици во градот, а алоцирале стотици илјади долари за најразлични прогресивни програми од типот геј хор и транссексуално кафуле.

Градоначалничката Карен Бас го намалила годишниот буџет на Противпожарната служба на Лос Анџелес за 17,6 милиони долари. Нејзиниот аргумент по пожарите е дека овие пари немало да направат разлика во справување со пожарот.

Според буџетот 2024-2025 Лос Анџелес му префрлил 100.000 долари на Одделот за граѓански и човекови права и правична застапеност за отворање на транссексуално кафуле „за да им се обезбеди безбедно засолниште на незасолнетите транссексуалци во Холивуд“.

Слична сума добил и одделот култура кој парите ги дал за наградите на Националната асоцијација за напредување на обоените луѓе. Нешто под 10.000 биле одвоени за „Уан институтот за меѓународна геј и лезбејска архива.“

Од помалите суми, 13.000 долари добила „Месечната програма за лезбејско, геј, бисексуално и транссексуално наследство“, додека „Машкиот геј хор на Лос Анџелес“ добил 14.000 долари.

По 13.000 долари добие програмите за афро-американска, индијанска, латино и азиска историја.

Најголемата поединечна сума, од 170.000 долари била одделена за уметност за социјална правда.

17 јануари 2025 - 12:42