Попатно поставувајќи го прашањето, како овој човек со сите придружни жени (не му се сите сопруги) и деца во Сирија живеел без помош од државата, финансискиот експерт Хуберт Кунингштајн прави споредба на помошта што ја добива Сириецот со заработувачката во најслабо и средно платените професии во Германија.
Кунингштајн пресметува дека сумата што ја добива Сириецот е еднаква на месечната бруто плата на 12,2 занаетчии која во просек е 2.461 евро месечно, или месечната нето плата (затоа што тој на ова нема никакви дополнителни давачки) на 18,8 занаетчии која во просек изнесува 1.596 евра месечно.
Тој прави уште една математика која покажува дека за сириската енклава од 28 луѓе да ја добие помошта од 30.000 евра месечно, треба 95,5 германски работници (по нивна поделба од класа 1) да работат цел месец и да платат данок на својата бруто плата, кој во нивната класа изнесува 314,33 евра.