"Да Калифорнија кампања за независност" издиша откако нејзиниот претседател, Луис Маринели, откри дека има врски со Русија. Во порака до поддржувачите, Маринели објави дека тој "бара постојано живеалиште во Русија заради фрустрираност и разочарување од САД".
Дел од "раководството" објави дека ја напушта организацијата и се приклучува кон ново вакво движење "Коалиција за слобода на Калифорнија". Целта на коалицијата е да го почне целиот процес одново "без товарот на руските врски на Маринели".
Новата коалиција ќе треба да го изоди истиот пат како и претходниците. Потребни се 585 илјади потписи за нивното барање да се стави на гласање на изборите во 2018. По ова, американскиот Конгрес и 38 сојузни држави треба да дадат согласност за промена на американскиот устав, со што ќе се дозволи отцепување на Калифорнија.
Да Калифорнија имаа 97.500 регистрирани симпатизери, од нив 8.500 прифатија да работат како волонтери, а само 1.200 донираа пари. Пред победата на Трамп, групата имаше помалку од 100 волонтери.