И покрај внатрешни мејлови од Белата куќа кои покажуваат дека волјчакот осум дена по ред напаѓал агенти на Тајната служба, Бајден на пријателот му изјавил „пази, Тајната служба никогаш не се качува горе. Тоа не се случило.“
За недовербата на Бајден пишува авторот Крис Випл во новата книга „Борбата на неговиот живот“ во која тврди дека Бајден верува дека „некој лаже за тоа како се случил инцидентот“.
На страна инцидентите со волчјакот, Випл пишува дека Бајден е сомничав во Тајната служба уште од доаѓањето во Белата куќа, верувајќи дека голем дел од повисоките агенти и службеници се поддржувачи на Трамп.
Во книгата се наведува дека претседателот се сомневал дека „МАГА симпатизери“ се вметнати во службата бидејќи агенцијата „е полна со поранешни полицајци белци од Југот кои обично се длабоко конзервативни.“
Випл, инаку почитуван експерт со познавање на Западното крило, пишува дека заради ова Бајден не ризикува, па „свесен за сопствените агенти на Тајната служба, претседателот повеќе не зборува слободно во нивно присуство.“