Целата случка ја виделе повеќе посетители, кои би успеале да направат некаква подробна социолошка анализа на целиот случај само кога некој би им кажал дали се работи за уметнички перформанс или за обид за убиство.
Мајами Хералд пренесува дека дури и откако случајот бил пријавен, а полицијата почнала да ја оградува галеријата, дел од посетителите се уште не биле на сигурни дали тоа полицијата стварно работи или сето тоа е дел од некој уметнички акт.
Меѓу сведоштвата што ги пренесува Хералд има изјави од типот "мислам дека гледав еден перформанс, мислев дека е лажна крв, ама излезе дека е вистинска."
Што се однесува до случајот, напаѓачката е упасена од полицијата, повредената е однесена во болница и е вон животна опасност, а не е познато која е причината за нападот и како се поврзани двете жени.