Каменот е најден во рудникот Карове, на околу 500 километри од главниот град, Габороне. Во истиот овој рудник најдени се и два други големи дијаманти, еден од 813 карати, и еден од 374 карати. Откритијата инстантно ја зголеми вредноста на компанијата што го поседува рудникот, Лукара Дајмонд, за 150 милиони долари.
Затоа што дијамантот е премногу голем за скенерот што го има компанијата, тој прво ќе биде испорачан на анализа во дијамантската област во Антверп.
Според досегашното искуство големите дијаманти не остануваат цели долго време. Дијамантот ќе биде исечен со друг дијамант, и ќе биде оформен во помали (ама сепак големи) дијаманти, кои посебно ќе бидат продавани.
Истото се случи и со Кулинан дијамантот од 3.106 карати кој во 1905-та беше ископан во Јужна Африка. Тој беше исечен во 9 големи камења и 96 помали. Делови од овој дијамант сега се вградени во британскиот кралски накит.
Планот за последнава грутка дијамант уште не е направен, а неговата цена се проценува на речиси 67 милиони долари.