Што е Арап без мустаќи

Мажите на Средниот Исток имаат (барем) еден проблем повеќе од мажите низ остатокот на светот - колку ќе им порасне мустаќ.

Ова прашање е толку сериозно што еден турски хирург неделно прави меѓу 50 и 60 трансплантации на мустаќи, на муштерии од земјата и од Средниот Исток.

Процедурата на др. Селадин Тулунај вклучува вадење на парче со влакна од други делови на телото и нивно пресадување на местото за мустаќи. Пресадувањето се прави со локална анестезија, чини 7.000 долари а пациентот мора 15 денови да се воздржи од бричење. Првите резултати на операцијата се очекуваат по 6 месеци.

"Некои мажи сметаат дека изгледаат младо и сметаат дека задолжително им е потребен мустаќ за да изгледаат повозрасно... попрофесионално и мудро. Тие сметаат дека ова е престиж," ја објаснува хирургот причината за зголемениот интерес за процедурата.

Освен регуларни муштерии, докторот изјавил дека има и голем број познати личности и политичари кои биле кај него за интервенција. Главен модел и пример на брк кој сите сакаат да го ископираат е во сопственост на турскиот пејач Ибрахим Татлисес.

30 ноември 2012 - 16:20